Бордот на директори на Светска банка ја одобри Гаранцијата за кредитни политики (ПБГ) од 100 милиони евра, која овозможува делумно покривање на заемите на Македонија во вредност од 130 милиони евра од меѓународниот банкарски кредитен пазар. Со ова и се овозможува на земјата пристап до нови финансиски извори по поповолни услови и истовремено значи поддршка за продолжувањето на реформите потребни за подобрување на отпорноста на земјата кон надворешни шокови, како и градење на основа за посилна економија во иднина. Гаранцијата за кредитни политики ги поддржува реформите кои ќе помогнат во намалување на идните ризици за стабилноста преку зајакнување на одржливоста во јавните финансии и отпорноста на финансискиот сектор. Таа исто така ја поддржува подобрената заштита на најранливите како и засилен поттик за учеството во формалниот пазар на труд, објаснува Лилија Бурунчук, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија.
Бордот на директори на Светска банка ја одобри Гаранцијата за кредитни политики (ПБГ) од 100 милиони евра, која овозможува делумно покривање на заемите на Македонија во вредност од 130 милиони евра од меѓународниот банкарски кредитен пазар.
Со ова и се овозможува на земјата пристап до нови финансиски извори по поповолни услови и истовремено значи поддршка за продолжувањето на реформите потребни за подобрување на отпорноста на земјата кон надворешни шокови, како и градење на основа за посилна економија во иднина.
- Гаранцијата за кредитни политики ги поддржува реформите кои ќе помогнат во намалување на идните ризици за стабилноста преку зајакнување на одржливоста во јавните финансии и отпорноста на финансискиот сектор. Таа исто така ја поддржува подобрената заштита на најранливите како и засилен поттик за учеството во формалниот пазар на труд, објаснува Лилија Бурунчук, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија.
Гаранцијата ќе и овозможи на Владата да позајмува за време на сегашните превирања под прифатливи услови и од различни финансиски извори. Гаранциите за кредитни политики се понудени на земји со солидни перформанси во подолг временски период. Финансирањето од Светска банка и овозможува на Македонија пристап до меѓународните финансиски пазари, силна репутација во текот на последната деценија во однос на макроекономската стабилност и применувањето важни структурални и социјални реформи, за да го промовира развојот.
- Карактеристична особина на Гаранцијата е дека тие се многу често користени за да ги забрзаат тековите во приватниот сектор во земјите во развој - вели Евгениј Најдов, главен економист за земјата и лидер на проектот.
Гаранцијата се издава од Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД) и ќе покрие 100 милиони евра од основните 130 милиони евра на комерцијалниот заем со 5 години рок на доспевање.